Куќи и автомобили за цело семејство, инвестиции – Како Двејн Џонсон го троши богатството?
- Детали
- сабота, 18 јули 2020
Еднаш, Двејн Џонсон изјави:
„1995. Седум долари во мојот џеб. Знаев две нешта: навистина сум сиромашен, и еден ден нема да бидам. Некогаш ќе го стигнете дното. Ќе мора да станете и да имате верба. Години подоцна ќе погледнете кон назад и ќе сфатите дека тоа ви е најдобро нешто што ви се случило“.
Двејн Џонсон си го исполнил ветувањето што си го дал, и денес е еден од најплатените холивудски актери. А, со богатство од 280 милиони, сигурно ве интересира како ги троши.
Актерот си има купено огромна фарма од 9,5 милиони. Имотот е сместен во Атланта, Џорџија и има главна куќа со осум спални, штала за коњи и фарма стара 150 години. Истовремено, на имотот има и базен со солена вода.
На актерот не му е проблем да троши и за неговото семејство, па на неговиот татко му купи дом. Актерот изјави дека иако татко му имал каде да живее, навистина сакал да му купи куќа. Нормално, татко му бил пријатно изненаден и се преселил во куќата.
Кога Двејн почнал да станува активен во боречките вештини, чичко му му купил шорцови за вежбање. Двејн не го заборавил овој гест, па години подоцна му купи џип Ford на негативот чичко.
Како и многу познати, и Двејн решил да ги инвестира парите, и тоа во брендот за текила Teremana.
Друга инвестициа на актерот е компанијата за сладолед Salt & Straw, чии производи допрва треба да се појават на пазарот.