Зошто актерот Френки Муниз не ја помни речиси целата негова кариера?

Светот дозна за Френки Муниз во 2000-та година, кога младиот актер го глумеше момчето генијалец во серијата Malcolm in the Middle.

frenki-muniz-mladiot-akter-koj-ne-ja-pomni-rechisi-celata-negova-kariera-01.jpg

Серијата беше голем хит, освои неколку награди, вклучувајќи Еми и Греми, а беше номинирана и за Златен глобус.

Години после емитувањето на последната епизода, Френки повторно го привлече вниманието на јавноста, откако откри дека воопшто не се сеќава на снимањето.

Malcolm in the Middle го направи Френки ѕвезда, но тој не се сеќава

Во серија интервјуа до 2017-та година, сега 33-годишниот актер изјави дека го изгубил помнењето и дека не се сеќава на снимањето на серијата.

„Повеќето луѓе мислат дека годините што ми останале во сеќавање се периодот кога се снимаше Malcolm in the Middle. Но, вистината е дека не се сеќавам на голем дел од тоа. Речиси како да не сум јас во серијата“, сподели актерот.

frenki-muniz-mladiot-akter-koj-ne-ja-pomni-rechisi-celata-negova-kariera-02.jpg

Френки не се сеќавал и на церемонијата за доделувањето на Еми наградите во 2001-ва.

„Искрено, не се сеќавам дека бев на доделувањето кога бев номиниран. Не се сеќавам ни дека бев номиниран, ни што чувствував, ни што правев. Мајка ми мѝ вели дека тој ден сме биле на заболекар.“

Актерот додава дека мајка му често му раскажувала за тој период од неговото детство, но сите приказни му звучеле непознато.

frenki-muniz-mladiot-akter-koj-ne-ja-pomni-rechisi-celata-negova-kariera-04.jpg

Која е причината за изгубеното помнење?

Френки вели дека кога бил мал, не мислел дека има проблем или дека нешто не е во ред со неговото сеќавање. Му изгледало нормално да не се сеќава на некои работи.

Причината за губењето на помнењето сè уште не е јасна. Сепак, актерот изјави дека имал неколку потреси на мозокот и неколку „мини“ мозочни удари.

Френки ја напушти актерската кариера, но ужива во животот

Френки не дозволува неговото нарушување да го спречи да ужива во животот. Понекогаш се појавува во телевизиски шоуа, како Dancing with the Stars, и е професионален тркач со автомобили.

frenki-muniz-mladiot-akter-koj-ne-ja-pomni-rechisi-celata-negova-kariera-03.jpg

Актерот не сака да разговара за изгубеното помнење, но одговара на директни прашања во врска со тоа.

Френки е оптимист и не сака да биде сожалуван, бидејќи сепак, тој воопшто не се чувствува болно.

„Ова е мојот живот и продолжив напред. Изгубеното сеќавање не ме спречува да бидам онаму каде што сакам. Се присетувам дека имам проблеми со сеќавањето само кога некој ќе ме праша дали помнам како сме правеле нешто. Сепак, не се чувствувам лошо или тажно во врска со тоа.“

Помислата дека ќе ги изгуби убавите сеќавања е тажна за Френки, но овде на помош доаѓа неговата вереница Пејџ.

Пејџ води дневник каде што ги запишува најважните и најинтересните настани од животот на Френки. А тој, пак, ужива да ги чита одново и одново. Дневникот му е од голема помош и му помага да се присети на чувствата и емоциите што ги имал во некој момент.

„Пејџ пишува во дневник што можам да го читам секој ден и тоа е одлично, најмногу бидејќи има многу детали. Почна да го прави ова пред една година и се надевам дека ќе продолжи. Се надевам дека ќе имаме уште многу заеднички сеќавања.“

Френки и денес го сака глумењето и се надева дека во блиска иднина ќе ѝ се врати на старата професија. Дотогаш, сите можеме да научиме лекција од него – не дозволувајте му на вашето нарушување да ве дефинира и да ве спречи во животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg