Хит Леџер, Џек Николсон, Хоакин Феникс - сите актери што го глумеа и го позајмија гласот на Џокерот
Стив Блум, актерот специјалист за позајмување гласови, беше Џокер во „Лего Бетмен: Видеоиграта“ од 2008 година.
Хит Леџер беше првиот актер кој го глумел Џокерот на големиот екран после скоро 20 години, во „Темниот Витез“ од 2008 година. Тој е единствениот актер кој добил Оскар за портретирање на Џокер, но наградата му беше доделена постхумно, откако почина на 28-годишна возраст, веднаш по снимањето на филмот.
Џон ДиМаџио беше гласот на Џокерот во „Бетмен: Под црвената наметка“.
Мајкл Емерсон го играше остарениот Џокер во анимираниот филм „Бетмен: Темниот витез се враќа“ во 2012 година.
Трој Бејкер го презема Џокер од Марк Хамил во 2013 година како Џокер во видео играта „Аркам: Почетоците“.
Џаред Лето го играше Џокер во филмот „Самоубиствен одред“ од 2016 година и толку многу се занел во улогата што дури им правел несолени шеги на останатите актери во филмот.
Зак Галифианакис беше Џокер во „Лего Бетмен филмот“ во 2017 година.
Хоакин Феникс го игра Џокер во последниот филм „Џокер“ од 2019 година, којшто истовремено е и прв филм посветен само на Џокерот и на неговата историја и преобразбата во она што е, главниот непријател на Бетмен.
(О)Милена | Црнобело