Хит Леџер, Џек Николсон, Хоакин Феникс - сите актери што го глумеа и го позајмија гласот на Џокерот
- Детали
- недела, 13 октомври 2019
Откако „Џокерот“ со Хоакин Феникс ја имаше својата светска премиера, сите се присетуваме на претходните одлични портретирања на овој легендарен непријател на Бетмен од стриповите.
Можеби никој не оставил толку длабок траг како Џек Николсон и Хит Леџер, но и пред нив имало актери кои со својата глума во голема мера го оформиле ликот на Џокер.
Цезар Ромеро е првиот актер којшто го играл Џокер на екранот, во познатата серија „Бетмен“ со Адам Вест од 1966 година. Според Ромеро играњето на Џокер било лесно: „Кога ќе се облечете така… веднаш влегувате во улогата.“
Џек Николсон е првиот актер којшто го играше Џокер на игран филм во продукцијата на Тим Бартон за „Бетмен“ од 1989 година. Џек Николсон има изјавено дека Тим Бартон е гениј и дека го снимил филмот само заради неговиот осврт кон целиот филм.
Марк Хемил беше гласот на Џокер во анимираниот универзум на DC почнувајќи од 1992 па сè до 2011 година кога се пензионира од улогата, само за да снима уште една последна епизода во 2016 година. Тој најдолго го има играно овој легендарен негативец.
Тони Хејл имаше уникатна изведба на Џокерот во јапонскиот анимиран филм „Бетмен Нинџа“ од 2018 година.
Кевин Мајкл Ричардсон го позајми гласот за Џокер од анимираната серија „Бетмен“ во 2004 година, а претходно го има позајмено гласот и за непријателот на Супермен, Лекс Лутор во 1992 година во анимираниот универзум на DC.
Камерон Монахан го портретира Џокерот во ТВ серијата „Готам“ која започна во 2014 година и сè уште се емитува.
Џеф Бенет го глумеше Џокер во анимираниот филм „Бетмен: Храбриот и одважниот“ од 2008 година.