Долги холивудски романси што завршија со кратки бракови

Еминем и Ким Матерс

Благодарение на цела плејлиста со „гневни“ песни посветени на неговата бивша, целиот свет знае за врската на Еминем и Ким.

Парот се запознал во 1988-ма година, а набрзо потоа почнаа да живеат заедно. Наредната деценија тие раскинуваа и се смируваа, а во 1995-та година им се роди и ќерка.

Прв пат се венчаа во 1999-та година, после речиси 11 години заедно. Бракот траеше само две години, а Еминем побарал развод наводно, бидејќи Ким го изневерувала.

Парот повторно се смири во 2006-та година, а вториот брак траеше уште пократко – само 3 месеци.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-06.jpg

Џенифер Анистон и Џастин Теру

На почетокот изгледаше како Џенифер Анистон конечно да го пронашла својот принц на бел коњ. Парот ја започна врската во 2011-та година, се верија во 2012-та, а се венчаа три години подоцна.

Но, нивниот брак не траеше долго и во 2018-та година изјавија дека веќе биле разделени.

Подоцна истата година, Џастин изјави дека раскинувањето било болно, но сепак мирно.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-07.jpg

Џим Кери и Лорен Холи

Џим и Лорен се запознаа на снимањето на Dumb and Dumber, во 1994-та година, и набрзо ја започнаа нивната романса. Тие се венчаа во 1996-та година, но нивниот брак не траеше долго.

Парот се раздели 9 месеци подоцна, а набрзо потоа побараа развод.

Лорен изјави дека напнатоста во нивната врска била предизвикана од папараците. Сето ова им го направило бракот мизерен.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-08.jpg

Бритни Спирс и Џејсон Александар

Бритни и Џејсон биле пријатели од детството. Не е познато дали воопшто биле во врска, кога во 2004-та година го шокираа светот со нивната венчавка во Лас Вегас.

Но, долгогодишното пријателство не било рецепт за успешен брак, па 55 часа после венчавката, нивниот брак беше поништен.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg