Балкански ѕвезди кои драстично го променија изгледот (фото)
- Детали
- вторник, 04 јуни 2019
Драматичните трансформации на познатите личности не се својствени само за светската сцена. Низ годините бевме сведоци како и популарните имиња од регионот буквално се преобразија за 360 степени.
Не е тајна дека естрадата на наши простори со години е „навлечена“ на ботокс, силикони, липосукција, мускули, хијалурон и разни други третмани за разубавување. Неретко губат контрола, што подоцна се согледува со одминувањето на времето. Дали е добро или лошо - прашањето е дискутабилно.
Во намерата да бидат посебни, а истовремено да ги ископираат колегите од странство, мноштво естрадни ликови им се обратија на пластичните хирурзи. Други направија радикални интервенции на имиџот, или, пак, едноставно го плаќаат данокот на годините и вишокот килограми. Сега речиси не личат на истите личности.
Ова се дел од балканските ѕвезди кои драстично го променија изгледот:
Анастасија Ражнатовиќ
Саша Ковачевиќ
Маја Беровиќ
Емина Јаховиќ
Азис