Пријателка на Меган Маркл: „Меган ми бараше да ја запознаам со познат британски маж“
- Детали
- вторник, 21 мај 2019
Три месеци по разводот со Тревор Енгелсон, Меган на една пријателка ѝ рекла „Јас сум сингл и би сакала да запознаам познат маж од Велика Британија“.
Телевизиската личност Лизи Канди, која ја објави книгата „Tales From The Red Carpet“ откри дека станала пријателка со Меган Маркл на една хуманитарна вечера во 2013 година.
Лизи вели дека контактирале со години, а во еден од разговорите Меган ѝ рекла: „Дали знаеш некој познат маж? Јас сум сингл и навистина би сакала маж од Велика Британија“, а оваа ѝ ветила дека ќе размисли и ќе пронајде некој за неа.
Инаку, три месеци пред овој разговор Лизи открива дека Меган се развела од нејзиниот сопруг Тревор Енгелсон.
Таа за Меган вели дека е релаксирана, забавна, заинтересирана за момчиња и поставува многу прашања.
Лизи била многу изненадена кога слушнала за врската на Меган и принцот Хари. Но, потоа Меган ја исклучила од животот затоа што била советувана од кралското семејство да не контактира со личности од медиумите.
Прочитајте и 12 причини зошто Кејт Мидлтон од старт не ѝ веруваше на Меган Маркл!
С. С. | Црнобело