„Инстаграм момче“ – 21-годишната девојка на Леонардо ди Каприо му позира боса среде Кан (фото)
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Леонардо ди Каприо трпеливо ја фотографира неговата 21-годишна девојка која позира боса среде Кан – дали тој е момчето од соништата?
Леонардо ди Каприо и Камила Морон го поминаа викендот во Кан, по повод премиера на филмот на неговата девојка, а актерот се покажа како момче од соништата.
Откако позираше за папараците облечена во бел фустан со точки и бели штикли, 21-годишната девојка на Леонардо му позираше на него среде Кан, боса.
https://www.instagram.com/p/BxrOr9Sp9Mm/
Камила направи неколку пози боса, додека Леонардо трпеливо ја фотографираше, а девојката очигледно се изморила од штиклите, па потоа боса се упати и кон хотелот.
Инаку, на црвениот тепих на Канскиот фестивал таа се појави сама и изгледаше совршено.
https://www.instagram.com/p/BxoJrh6gL7Q/
Како изгледаше парот во Кан викендов:
M. M. | Црнобело