Горди фанови ја дочекаа Тамара на аеродром по Евровизија - солзи и бура од емоции
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Со ќеркичката Хана на раменици Тамара од срце ја отпеја „Proud“ за сите што нетрпеливо ја чекаа на аеродромот. Македонија го слави успехот на нашата музичка дива!
Тамара Тодевска пристигна во Македонија од Тел Авив, а на аеродромот беше дочекана од многу фанови, горди на нејзиниот успех.
Убава енергија, македонски знамиња и бура од емоции... Тамара беше пречекана токму така како што заслужува по големиот успех на Евровизија.
Иако уморна по долгиот пат, таа им се обрати на сите присутни и ја отпеја евровизиската „Proud“.
This is what it is all about. Thank you everyone. ❤ #proud #teamtamara #esc2019
Posted by Tamara Todevska on Sunday, May 19, 2019
This is what it is all about. Thank you everyone. ❤ #proud #teamtamara #esc2019
-->-->Posted by Tamara Todevska on Sunday, May 19, 2019
Со својата ќерка Хана на раменици и целиот тим до неа на сцената, Тамара им се заблагодари на сите за поддршка во текот на цел овој период и откри дека дел од магичната формула за успех е што Македонија годинава имала многу сложен тим, функционирале одлично и немамо никакви кавги и скандали.
Почувствувајте дел од атмосферата:
С. С. | Црнобело / Фото: EurovisionMacedonia