Реконструкција на химен, импланти на стомачните: „Пластичната“ шпанска пејачка Летиција (фото)
- Детали
- четврток, 09 мај 2019
Летиција Сабатер има 52 години, на пластични операции дала преку 200.000 евра, а во 2015 дури и си ја „вратила“ невиноста.
Летиција Сабатер (52) е шпанска пејачка и водителка која е актуелна во светските медиуми откако си стави импланти за да изгледа дека има затегнати стомачни мускули.
Таа резултатите од операцијата, вредна илјадници евра, гордо ги покажува и вели: „Го обожавам своето тело. Среќна сум затоа што операцијата направи да изгледам спектакуларно. Бидете трпеливи откако ќе закрепне сосема ќе изгледа одлично.“
Пред операцијата Летиција изјави дека сака да има стомачни мускули како Мадона, колкови како Ким Бесинџер и задник како Емили Ратајковски.
Таа досега има правено пластични операции на лицето, задникот, колковите, „свадбарките“ нa рацете, кои ја чинеле повеќе од 200.000 евра.
Најмногу внимание предизвика кога во 2015 година направи реконструкција на хименот.
Фотки од ексцентричната Летиција: