Ќерките кои ќе ги надминат славните родители со својата убавина и талент
- Детали
- понеделник, 06 мај 2019
Познатите брендови сè повеќе соработуваат со децата на славните личности. Иако не биле толку многу експонирани во младоста, денес се појавуваат на постерите или на насловните страни на списанијата, наместо нивните родители.
Овие 5 ќерки на познати личности решиле да тргнат по стапките на нивните родители, а се чини дека со својата убавина, талент, трудољубивост и личност можеби и ќе ги надминат славните родители:
Лили-Роуз Деп
Родителите на младата убавица се Џони Деп и Ванеса Паради. Лили-Роуз имала 16 години кога почнала да соработува со модната куќа Шанел.
Покрај модата ја интересира и актерството. Зад неа има шест филмски улоги и три нови филмови во продукција.
Ава Филип
Каква мајка, таква ќерка. На овој начин најдобро можеме да ја опишеме 19-годишната Ава, ќерката на Рис Витерспун и Рајан Филип.
Ава е вистинска уметничка душа, се занимава со фотографија, цртање и изработка на скулптури.
Каја Гербер
Каја е ќерка на супермоделот Синди Крафорд и претприемачот Ренди Гербер. Минатата сезона била главна манекенска ѕвезда, а има и многу достигнувања во светот на модата.
Маја Турман-Хок
Актерите Ума Турман и Итан Хок се горди родители на 20-годишната Маја, која, како и нејзините родители, реши да се нурне во актерските води.
Ирис Лоу
Ќерката на британскиот актер Џуд Лоу и Седи Фрост веќе на возраст од 16 години стана заштитното лице на Burberry.
Во светот на модата влезе со благослов на нејзината кума, Кејт Мос.
Ашера | Црнобело