Како изгледа еден обичен ден во животот на Џенифер Лопез?
- Детали
- вторник, 07 мај 2019
Многумина се прашуваат како е возможно латино дивата да изгледа подобро сега, одошто кога беше во раните дваесетти години. Целата тајна е дека таа е екстремно дисциплинирана и способна, па секогаш успева да најде време за семејството, работата и себеси.
По серијата објави со кои ви откривме кога стануваат ранобудните ѕвезди, или, пак, во колку часот си легнуваат богатите и славните, односно како биоритамот им се одразува на успехот, овојпат комплетно се посветуваме на навиките на една од најпознатите дами во светот на шоу бизнисот.
Како изгледа еден обичен ден во животот на Џенифер Лопез? Прочитајте го нејзиниот распоред во продолжение:
06:00 – Будење
Џенифер Лопез станува од кревет околу 6 часот наутро. Малку подоцна, помеѓу 6:15 и 6:45, се будат и нејзините деца Максимилијан и Еми. Близнаците сакаат нивната мајка да им направи појадок, така што постојано бараат нешто вкусно.
Ѕвездата признава дека утринските часови ѝ се целосно посветени на семејството, па се обидува да го извлече максимумот од ова време.
„Ако вашиот живот е исполнет со рокови и состаноци, тогаш ветете си себеси дека барем утрото ќе го поминете со своето семејство. Тоа ќе ви даде сила за целиот ден!“
06:45 – Појадок
Латино дивата e љубител на здравата храна, а на истото ги учи и нејзините деца. Ако после тренингот донесе нутритивни грицки, дефинитивно ќе ги подели со нив.
Првиот појадок на Џенифер Лопез е протеински шејк, а за вториот појадок, што го консумира по вежбањето, обично има нешто едноставно, како што се бобинки со јогурт и мед. Во посебни прилики, ѕвездата појадува во кревет, при што ги вика и децата на оброк.
Но, ако мислевте дека славна личност од ваков калибар јаде само диетални порции, тогаш сте во заблуда. Одвреме-навреме, таа си дозволува палачинки и печива со лосос и меко сирење.
07:45 – Тренинг
Штом децата заминат на училиште, почнува нејзиното време. И овие драгоцени часови првин си ги посветува на себе, како што се на пример утринските тренинзи. Лопез не пропушта ниту еден ден да вежба, дури ни кога е мошне уморна.
„Понекогаш работам до доцна во ноќта, па си велам: „Ох, не можам денес да тренирам.“. Потоа само ги кажувам зборовите: „Ајде направи го тоа. Саат време е во прашање. Сите ние сме по малку мрзеливи.“
Пејачката и глумица вежба од еден час до час и петнаесет минути. Додава и дека единственото нешто кое ја одржува во добра форма е големата количина на вода.
09:00 – Подготовка за работниот ден
Пред да го напушти домот, ѕвездата си кажува неколку позитивни афирмации кои ѝ помагаат. Бидејќи има еден куп обврски, честопати се шминка и ја средува косата на задното седиште од автомобилот. Нејзиниот распоред е исполнет со разни активности, од часови по глума до деловни состаноци.
За да се носи со сите задачи и работи совршено, потребно е вешто да го менаџира времето и брзо се прилагодува на било какви промени. Џенифер Лопез цврсто верува дека секој може да ги постигне сопствените цели, доколку тоа навистина го посакува.
„Станува збор за начин на размислување. За секвенца. За вистинските нешта. Вие само треба да го следите вашиот сон и напорно да работите.“
13:00 – Ручек со пријателите
Нејзиниот личен тренер Трејси Андерсон потврдува дека таа јаде само здрава храна, бидејќи ѝ е навистина потребно „гориво“ за да го направи сето она што го прави.
„Се работи за органски намирници кои ги консумира во вистинско време и вистински пропорции. Нејзината диета е рамнотежа меѓу високо квалитетни протеини и исхрана богата со нутритивни состојки.“
Кога е на ручек во ресторан, латино дивата нарачува нискокалорична храна, којашто ѝ одговара на начинот на живот. Па, што има на трпезата?
„Обично земам салата или риба со зеленчук. И дефинитивно пијам многу вода додека јадам. За да го добиете она што го сакате, мора да јадете правилно и врамнотежено.“
18:30 – Вечера со саканите
Џенифер Лопез се враќа дома во 18 часот и 30 минути, по што одново поминува време со своето семејство и блиските пријатели на маса.
Неретко е и опкружена со саканите во ресторанот Nobu Malibu, или, пак, на романтична вечера со партнерот Алекс Родригез.
„Дури и кога денот ви е исполнет со милион обврски, пак треба да им посветите време на оние кои ви се важни. А, вечерата е одлична прилика да се потсетите себеси дека на прво место го имате семејството.“
22:00 – Спиење
Пејачката и глумица верува дека квалитетниот сон е нејзиното тајно оружје. Таа не е една од личностите што ќе гледа филмови, или, пак, ќе седи вклучена на социјалните мрежи до три часот наутро.
„Се обидувам да спијам по осум часа. Не постои ништо подобро од сон, многу вода и добро средство за чистење на кожата. Начинот како го поминувате „пасивното“ време е од особена важност, не само за вашиот изглед, туку и целиот живот.“
М. А. | Црнобело