Славни ѕвезди кои се соочуваат со сериозни здравствени проблеми
- Детали
- недела, 28 април 2019
Понекогаш имаме чувство дека славните луѓе немаат апсолутно никакви проблеми во животот. Но, вистината е дека и тие се обични луѓе на крајот од денот, кои не се воопшто имуни на здравствените проблеми и последиците од истите.
Многу од нив се соочуваат со сериозни здравствени заболувања и водат секојдневна битка.
Кои од ѕвездите беа искрени за проблемите со здравјето?
Џорџ Клуни – Хронична болка
Сè започна кога актерот се здоби со сериозна повреда за време на снимањето на филмот Syriana во 2005 година. Клуни паднал од столче и ја повредил главата.
Подоцна се открило дека му бил повреден и надворешниот слој околу ’рбетниот мозок, а се излеала и течност од него. По неколкуте операции тој закрепна, но секојдневно се соочува со хронична болка.
Мајкл Џ. Фокс – Паркинсова болест
Омилениот актер од франшизата Back to the Future собра милиони долари кои ги пренасочи за истражувања поврзани со Паркинсовата болест преку неговата фондација, бидејќи и самиот боледува од истата со години.
Арон Картер – Хитална хернија
Му ја дијагностицирале на само 19 години, хронична болест на стомакот која влијае на апетитот, те ослабнува и не дозволува накачување на килограмите.
Динамо – Кронова болест
Англискиот магионичар беше искрен во однос на тоа како се соочува со артритис, откако бил хоспитализиран поради труење со храна. На Динамо, исто така, му го имаат отстрането и половина од стомакот кога имал само 17 години поради компликации од Кроновата болест.
Фенки Муниц – Серија удари и изливи
Актерот го задржа својот оптимизам и ведриот дух и покрај многубројните престои во болница за време на неговите тинејџерски години. Муниц имал многу потреси и изливи на мозокот додека бил дете, како последица имал и губење на меморијата.
Лил Вејн – Епилепсија
Раперот отворено зборува за нападите што ги има како последица на епилепсијата со која се бори со години. Бил принуден да откаже многу настапи поради неговата состојба.
Боно – Глауком
Водечкиот пејач на U2 најчесто носи темни очила поради хроничната состојба на окото, што ги прави видните органи супер чувствителни на светлина.
Селена Гомез – Лупус
Пејачката имаше трансплантација на бубрегот како последица од автоимуното заболување лупус.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





