Зошто Џенифер Лопез е најразгалената дива во светот на славните?
- Детали
- петок, 29 март 2019
Веста за нејзината свршувачка со Алекс Родригез предизвика огромно внимание, ставајќи ја повторно во центарот на вниманието. 49-годишната пејачка и актерка која „тежи“ над 380 милиони долари очигледно ја најде својата сродна душа, но многумина не ги забораваат нејзините испади и незгодниот карактер.
За Џенифер Лопез преовладува мислењето дека е вистинска дива, разгалена и со високи барања.
Овие ситуации го потврдуваат токму тоа:
Јавно ги напаѓа колешките
За Гвинет Палтроу: „Кажете ми каде глумела? Се колнам во Бога, не се сеќавам на ниту еден филм во кој се појавила. Некои луѓе стануваат славни поради други. Се имам изнаслушано повеќе за неа и Бред Пит, отколку за нејзината работа“.
За Винона Рајдер: „Никогаш не сум била нејзина обожавателка. Признаена е во Холивуд, добива номинации за Оскар, но никогаш не сум слушнала некој во јавност или од моите пријатели да каже – О, многу ја сакам неа“.
За Камерон Дијаз: „Модел со многу среќа на кој ѝ се дадени еден куп можности. Посакувам да направеше нешто повеќе. Таа е прекрасна и има силно присуство, а додека ја гледав во My Best Friend’s Wedding си помислив ’Кога добива насоки, може да биде добра актерка‘.“
Не е толку голем професионалец како што се претставува
Во 2011 година, Џенифер требала да снима реклама за Фиат, а замислата била да вози низ Бронкс, местото каде што пораснала и да покаже како потеклото ја инспирирало за успех. Но, Џенифер воопшто не сакала да го напушти Лос Анџелес и да го сними тој дел од рекламата.
Наместо неа, сцените во Бронкс биле снимени со двојничка, па целата приказна за нејзиниот животен пат пропаѓа во вода, нели?
Има екстравагантни барања кога престојува во хотели
Додека престојувала во Дорчестер хотелот во Лондон во 2007 година, извор открил дека Лопез барала кралски третман. Сакала многу рози во апартманот, свеќи од нејзиниот омилен бренд, печени колачиња и многу обични M&M бонбони.
Исто така, Лопез е позната по тоа што има сиот мебел, свеќите како и храната за време на нејзините турнеи треба да бидат во бела боја.
Некои од најлудите побарувања на дивата се специјален моторен чамец со мало фрижидерче полно со шампањ, слушалки со дијаманти, масажер, цел хотелски кат само за неа, како и приватна плажа.
Го игнорира присуството на помошниците
За време на еден лет во првата класа, станало јасно дека Џенифер не разговара со кого било. Кога стјуардесата ја запрашала што ќе се напие, пејачката се преправала како да не постои и го замолила нејзиниот асистент да ѝ пренесе што сака за пиење.
Истото се случува и со нејзината послуга. За време на една турнеја во Германија, Лопез збеснала откако една од собарките се дрзнала да ѝ побара автограм.
Наводно, Алекс Родригез е преплашен од неа
Според изјавите на многумина, Родригез е преплашен од неговата вереница. Наводно таа му дала листа со правила кои треба да ги следи како нејзино момче и иден сопруг. Едно од правилата е дека тој не смее да се дружи со жени под 40 години.
Друго, дека тој мора да поминува точно определено време со неа во текот на неделата и трето, нагласено му е точно каде треба да застане покрај неа за време на настаните каде што се појавуваат на црвениот тепих.
Обвинета е за плагијат
Според R&B пејачката Шанте Мур додека таа работела на песната „If I Gave Love“, тогашното момче на Џенифер, Пи Диди ѝ ја земал песната и ја преработил за деби-албумот на Лопез, хитот кој го знаеме како „If You Had My Love“.
Доколку се прашувате зошто Мараја Кери и Џенифер Лопез имаат несогласувања, причината е во тоа што наводно Џенифер украла неколку идеи од саундтракот на Glitter на Мараја и ги инкорпорирала во песната „I’m Real“.
(О)Милена | Црнобело