Шакира на суд поради плагијат, а обвинета е и за затајување на данок
- Детали
- среда, 27 март 2019
Во последно време за името на Шакира постојано се врзуваат скандали, а пред судот таа се појави во скромна монохроматска комбинација.
Шакира се појави на суд во Мадрид за да се изјасни за обвинувањата дека нејзиниот наградуван хит „La Bicicleta“ е плагијат.
42-годишната пејачка не сакаше да коментира пред камерите, само се смешкаше и изгледаше како да ѝ е мило што ќе оди да се соочи со ситуацијата и да си го исчисти своето име. На суд се појави со пејачот Карлос Вивес, со кого заедно го отпеаја хитот.
Тврдењата се дека песната „La Bicicleta“ содржи стихови, ритам и мелодија слични на оние од песната од 1997 година „Yo te quiero tanto“.
Инаку, песната на Шакира доби 2 од 3-те најголеми Греми Латино награди во 2016 година.
Шакира беше поврзувана и со мулти-милионско затајување на данок и треба да се појави на 12-ти јуни на суд за тоа.
С. С. | Црнобело