Ким купува Lamborghini да ѝ одговара со периката: Славни личности кои трошат пари „без осет“
- Детали
- петок, 15 март 2019
Аријана Гранде не се срами да каже дека дијамантите и банкоматите ѝ се омилени работи, а Ким смета дека е нормално да се даде 1 милион долари за Swarovski фрижидер.
Иако славните личности заработуваат огромни суми, сепак веројатно треба да постои некоја граница до каде треба да се оди.
И додека постојат такви кои заработуваат по милион долари од епизода и сепак сами си пазарат во продавница, има и такви ѕвезди кои немаат осет за тоа колку пари трошат.
Покрај оние кои живеат скромен живот иако можат да си дозволат речиси сè, има и такви како Мараја Кери кои мислат дека струјата во Америка е бесплатна, или бебиња како Сторми Вебстер, кои веројатно никогаш нема да знаат како изгледа банкнота од 1 долар.
Погледнете кои се славните личности кои трошат пари „без осет“:
Кајли Џенер троши 10.000 долари годишно за достава на храна, а еднаш дури има нарачано еден и единствен морков.
Аријана Гранде купува стан за двајца од 16 милиони долари со посебен велнес спрат, а за Airbnb дала 10.000 од вечер.
Кети Пери му купи билет за вселената од 200.000 долари на поранешниот сопруг.
Ким купи фрижидер украсен со Swarovski од 1 милион долари и си купи флуоресцентно зелено Lamborghini за да ѝ одговара со периката...
Парис Хилтон потроши 325.000 долари за да купи вила за нејзините кучиња.
Мараја Кери во едно интервју има изјавено дека мислела дека струјата во Америка е бесплатна – кој мислеше дека тие сами си ги плаќаат сметки?!
Бијонсе исто така се наоѓа на листата со ѕвезди кои трошат без осет, а таа мисли дека е нормално да купува титаниумски цевки од 900 долари.
Кендал Џенер мисли дека е бездомник кога нејзината куќа се реновира...
Сторми Вебстер уште од малечка ја гледаме со брендитани чанти, па веројатно никогаш нема да знае ни како изгледа банкнота од 1 долар...
М. М. | Црнобело