Последната фотка од вокалистот на Продиџи пред да се обеси + факти за сопругата по која пател
- Детали
- среда, 06 март 2019
Биле во брак од 2006 година и заедно се труделе да водат едноставен живот патувајќи низ Европа, но тоа не му помогнало комплетно да се избори со своите демони.
Кит Флинт, вокалистот на бендот Продиџи, се обеси во неговиот дом. 49-годишната ѕвезда пред смртта ѝ се јавила на својата сопруга, јапонскиот диџеј и модел Мајуми Каи.
Тој во деновите пред да си го одзеде животот постојано ја молел да се смират. Дури ја одложувал и продажбата на нивниот семеен имот во Есекс, Велика Британија. Иако се разделиле минатата година, Кит секогаш верувал дека може да ги среди работите и постојано ѝ се јавувал, вели извор близок до Кит.
„Но таа не го промени мислењето и инсистираше да ја продаде куќата. Тоа го скрши Кит“, вели изворот, кој додава дека неколку дена пред смртта на Кит, куќата била огласена.
Инаку, во британските медиуми осамна последната фотка од Кит направена само неколку часа пред да се обеси во својот дом. Сликан е за време на вечера со неговиот личен тренер и изгледа среќно и насмеано.
Клиент кој престојувал во исто време во локалот со Кит откри дека кога неговото бебе фрлило виљушка на подот додека јаделе и Кит станал, ја земал, ги поздравил и дури и направил некоја шега со нив.
„Изгледаше среќно, зборуваше со неговиот тренер за тоа дека постигнал личен рекорд во трчање и како тоа направило да се чувствува подобро и му ги отворило белите дробови. Изгледаше позитивно и гордо за напредокот што го направил. Па, бев навистина изненаден кога слушнав дека потоа си го одзел животот“, вели човекот кој седел во истиот локал со Кит.
Кит е познат како човек кој секогаш бил подготвен да одвои време за фановите и да поразговара и да се слика со нив. Бил дарежлив, донирал пари, а едноставно некогаш само ќе ја плател сметката во ресторан на луѓе кои не ги познава.
Бил пријателски расположен со сите и приземјен, комплетен кавалер, но во себе имал свои демони. Се борел со депресија и бил многу затворен за своите лични проблеми.
Фотки и факти за неговата сопруга Мајуми Каи на следната страна...
Би можело да ве интересира:





