„Меган Маркл е евтина“ - кралското семејство со апел до јавноста поради Меган и Кејт
- Детали
- вторник, 05 март 2019
Навредливите коментари на социјалните мрежи од типот „Меган Маркл е срам за кралското семејство“ ги налутија кралските припадници.
На профилите на кралското семејство на социјалните мрежи ќе се блокираат сите навредливи коментари против Меган Маркл и Кејт Мидлтон. Палатата воспоставува нови правила затоа што смета дека навредливите коментари и заканите ја рушат мирната и безбедна атмосфера за сите вистински фанови на кралското семејство.
За коментарите кои имаат заканувачка содржина од палатата велат дека ќе има дури и пријави до полицијата.
Во апелот стои: „Ги замолуваме сите кои се активни на профилите на кралското семејство да покажат љубезност, добрина и почит кон сите членови. Го задржуваме правото да бришемe коментари и да блокираме корисници кои не ги почитуваат правилата. Исто така го задржуваме и правото да се обратиме до надлежните органи да спроведат истрага според законот ако е потребно.“
Некои од коментарите кои го лутат кралското семејство се оние од типот: „Меган Маркл е евтина, таа е срам за кралското семејство“.
Луѓето на оваа одлука на кралското семејство потсетија дека ова не е 15-ти век, па да има цензура. Дел пак ги поддржаа и кажаа дека е доста од онлајн злоупотребата на Меган Маркл и Кејт Мидлтон.
Што мислите вие?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





