Една работа што Анџелина Џоли никогаш не ја прави пред своите деца
- Детали
- понеделник, 25 февруари 2019
Тешко е да се биде мајка, а дополнителен проблем е кога таа истовремено е една од најголемите актерски ѕвезди на денешницата.
43-годишната актерка постојано ги дефинира своите деца како силни и независни поединци. Но, со цел тие да не бидат истрауматизирани од разделбата со нејзиниот долгогодишен партнер Бред Пит, таа мора да остане присебна и силна, најмногу пред нив.
Актерката признава дека често пати жените се ставаат во втор план при разделбите и разводите, односно грижата за децата им припаѓа токму ним.
Без оглед на тоа колку ѝ е тешко во моментот, Џоли секогаш му останува доследна на своето правило – таа никогаш не плаче пред своите деца и не покажува слабост пред нив.
Според неа, децата секогаш мора да се безбедни и заштитени и да веруваат дека сè е и сè ќе биде добро, дури и доколку не е навистина така, завршува познатата актерка.
Прочитајте и Се облекува како момче, сака да ја викаат Џон: 10 факти за Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит!
(О)Милена | Црнобело