Кортни Кокс ѝ пишала на ќерка си „Те сакам“, на чекор од рушење на авион со Џенифер Анистон

kortni-koks-i-pishala-na-kjerka-si-te-sakam-na-chekor-od-rushenje-na-avion-so-djenifer-aniston-01_resize.jpg

Кортни Кокс и Џенифер Анистон се блиски пријателки, па Кортни не само што присуствуваше на раскошната роденденска прослава по повод 50-тиот роденден на Џенифер, туку таа беше поканета и на кусото патување до Мексико, организирано по повод роденденот на Џенифер само за најблискиот круг на пријатели.

Со приватен џет одлетале за Мексико, но патувањето до Кабо се претворило во кошмар, откако дошло до пукање на гумата на авионот. Екипажот одлучил дека не е безбедно за слетување, па го свртел авионот назад за Лос Анџелес и кружеле околу за да го потрошат горивото.

kortni-koks-i-pishala-na-kjerka-si-te-sakam-na-chekor-od-rushenje-na-avion-so-djenifer-aniston-02_resize.jpg

Наводно, 4 часа подоцна авионот конечно можел да слета безбедно, но забавата не била откажана и Џенифер ги префрлила сите гости во друг приватен авион.

Сепак, за сериозноста на ситуацијата говори фактот што за време на ризичниот лет Кортни на својата ќерка ѝ испратила СМС порака со содржина „Те сакам“. Таа во едно интервју откри дека не се плаши од летање, но дека ова за неа била застрашувачко искуство затоа што не знаеле каков ќе биде резултатот и стравувале за својот живот. 

Таа му пишала и на свршеникот во каква незгодна ситуација била, но, за среќа, сѐ се завршило добро.

kortni-koks-i-pishala-na-kjerka-si-te-sakam-na-chekor-od-rushenje-na-avion-so-djenifer-aniston-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg