Зошто Ким Кардашијан одби подарок вреден 14 милиони долари од Канје Вест?
- Детали
- вторник, 12 февруари 2019
Старлетата не е позната во јавноста како скромна личност, па логично е прашањето за причината заради која одолеа на галантноста од сопругот.
Кога станува збор за скапи изненадувања, популарниот рапер не одолговлекува. Канје Вест за празниците ѝ го купи на својата сакана баш она што таа отсекогаш го посакувала.
Ким Кардашијан доби од него луксузен стан со поглед на океанот во Мајами, за што музичарот издвои неверојатни 14 милиони американски долари од џебот. Но, според блиски извори на фамилијата, ѕвездата на реалното шоу не била воодушевена од подарокот. Зошто?
Славната двојка го посети новиот имот пред извесно време, а папараците дури успеаја да ги сликаат познатите сопружници како разменуваат нежности на терасата. Делуваа среќно.
Меѓутоа, откако фотографиите осамнаа во сите весници и портали, старлетата сепак го замолила мажот да го продаде станот, бидејќи приватноста на нивното семејство ѝ е најважна.
По мислење на атрактивната бринета, овој дом нема да ги заштити од досадните очи на фотографите, обожавателите, а можеби и уште полошо – крадците.
Се чини дека зборот на Ким Кардашијан е последен. Канје Вест се согласил, па сега бара друго сместување за двајцата и децата на брегот. Дали ова е добра причина?
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





