„Свршував додека летав“ и уште 5 сочни исповеди на ѕвездите за секс на јавно место
- Детали
- вторник, 12 февруари 2019
„Дали имаме клучеви од канцеларија? Зошто тогаш да не му бидам секретарка на една ноќ?“
Ѕвездите не сакаат да откриваат многу детали од интимниот живот во интервјуата, но понекогаш со мали откритија знаат да ја заскокоткаат фантазијата.
Сочни детали за искуствата со секс на јавно место:
Криси Тајген
„Летавме со прва класа на Тајланд, да ги посетиме моите родители. Двајцата бевме комплетно голи под ќебето. Беше фантастично“, изјави Криси за авантурата со нејзиниот сопруг Џон Леџенд со кој е заедно веќе 12 години, но не дозволува страста да исчезне.
Џејк Гиленхал
По врската со Дру Баримор, Џејк откри детали како и каде имале секс, фановите не беа среќни поради прекумерната искреност, па актерот паузираше со интервјуа еден период.
„Сакавме разноликост во врската, па имавме секс во автомобили, тоалети и во море. Единственото место каде немавме водено љубов беше хотелското лоби“, изјави Џејк тогаш.
Џејда Пинкет Смит
„Сакаме да ја истражуваме нашата фантазија. Дали имаме клучеви од канцеларија? Зошто тогаш да не му бидам секретарка на една ноќ? Или неочекувано само да сопреме некаде на патот кон дома... Промената е убава“, ја откри Џејда тајната на среќниот брак со Вил Смит.
Миранда Кер
„Да, сум имала оргазам во авион и сама и со партнер“, изјави во една пригода супермоделот.
Џенифер Анистон
Џенифер мрази кога ѝ поставуваат прашања за интимата, бракот и сексот, но за време на едно гостување откри дека имала секс во близина на кабината на пилотот во авион.
Клое Кардашијан
„Да го направите тоа на приватен џет, особено ако има други патници е забавно. Отидов во тоалетот, тој ме следеше и незабележано влеговме заедно. Сите знаеја што се случува, па кога излеговме се шегувавме на наша сметка“, изјави Клое Кардашијан.
С. С. | Црнобело