Како изгледаше мајката на Том Круз, од која очигледно ја наследил убавината? (фото)
- Детали
- среда, 30 јануари 2019
Гледајќи ги славните честопати си помислуваме дека во животот едноставно им се посреќило за да бидат таму каде што се. Но, гледајќи ја животната приказна на Том Круз, сфаќаме дека поминал низ премногу проблеми во детството, работел напорно, за сега да важи за еден од најдобро платените актери во филмската индустрија.
Како дете имал тешко детство, неговиот татко бил насилен и целото негово семејство живеело во сиромаштија.
Благодарение на неговата мајка, со која бил екстремно близок уште од дете, Том Круз излегол на правиот пат.
Мери Ли Фајфер била добро едуциран професор. Не била задоволна од напорниот и насилен брак во кој била со таткото на Том, па подоцна се премажила. Сепак, нејзината близина со синот останала иста во текот на годините.
Том, иако не важи за најдобар татко, сепак имал одличен пример за родител во животот.
Со неговата мајка се има појавувано на повеќе настани, а повеќе од очигледно е од кого го има наследено физичкиот изглед:
Мери Ли Фајфер почина во 2017-та, на 80-годишна возраст.
М. Д. | Црнобело