Трета среќа со помлад дечко: Кортни Кардашијан се гледа со религиозен фраер (фото)
- Детали
- вторник, 29 јануари 2019
Новиот избраник на старлетата е голем верник. Наспроти разликата од дванаесет години, блиски извори на атрактивната бринета тврдат дека меѓу нив двајца постои хемија, затоа што и таа самата често оди во црква.
Кога пред некоја вечер излезе со широка насмевка на лицето од ресторан, многумина се прашуваа кој е мистериозниот маж во придружба на Кортни Кардашијан (39).
Одговорот го даде британскиот медиум Daily Mail, откривајќи дека станува збор за Дејвид Дурон, редовен посетител и активист во црквата „Vous“, кадешто неретко доаѓа и ѕвездата на реалното шоу.
По потекло е од Луизијана, а сега живее во Мајами. Неговиот емотивен статус на Фејсбук е „сингл“, додека во кусиот опис на Твитер има напишано „Јас го сакам Исус“. Љубител е и на спорт, а посебно е приврзан за децата во семејството.
Maгазинот People, пак, дозна повеќе детали за релациите на парoт, контактирајќи три извори блиски до славната фамилија. Според првите, заедно поминатата вечер не била романтичен состанок.
Другите тврдат дека тие се само добри пријатели, но постои изразена хемија помеѓу двајцата:
„Тие се запознаа преку црквата и имаат мноштво заеднички пријатели. Но, сега засега, нивната врска е чисто пријателска. Деjвид е многу помлад од неа, така што постои и возрасна разлика. Околу дванаесетина години. Од друга страна, тој е мошне зрел маж и сериозен христијанин. Истото важи и за Кортни, па дефинитивно постои некаква хемија.
Третите, пак, навестуваат дека иако засега е само платонски, односот меѓу Кортни и Дејвид има потенцијал да прерасне во нешто повеќе:
„Уште ништо не се случило, што не значи и дека нема во иднина. Тие разговараат и поминуваат време еден со друг. Не е во прашање голема романса, но постои заеднички интерес. Има потенцијал. Па, кој да знае?“
По разделбата од долгогодишниот партнер Скот Дисик (35), нејзиниот избор се исклучиво помлади мажи. Првин стапи во љубовна врска со моделот Јунес Бенџима (25), а откако раскинаа, имаше кратка авантура и со Лука Сабат (21).
Дали од третпат ќе ѝ се посреќи, oстанува времето да покаже. Како ви се чини потенцијалното момче на Кортни?
М. А. | Црнобело