„Мојата сопруга е супер“ - Роџер Федерер со приватен џет во Мелбурн со семејството (фото)
- Детали
- вторник, 08 јануари 2019
Облечена лежерно, без шминка и со косата во опавче Мирка Федерер уште еднаш покажа дека не се оптоварува со тоа што ќе кажат другите.
Роџер Федерер беше фотографиран како пристигнува со приватен авион со своето семејство во Мелбурн, каде се натпреварува во Хопман купот.
37-годишниот тениски шампион во Австралија беше со 4-те деца и неговата сопруга, лежерно облечена во тренерки со точки и ѕвезди. Мирка уште еднаш со овој сладок стајлинг покажа дека најважна ѝ е природноста и комфорот, а не мислењето на другите. На лицето немаше шминка, а косата ѝ беше прибрана во опавче.
Инаку во едно неодамнешно интервју Федерер изјави дека поддршката од семејството е клучна за него и неговите успеси.
„Луѓето сакаат да зборуваат што правам и како го правам тоа, но без тимот за поддршка и без моето семејство, како и без тренерите тоа не би било возможно. Има потреба од голема организација, подготовки и планирање на сè.
Мирка е одлична. Навистина уживаме заедно на патувањата. Минатата година многу време минавме во движење и иако беше една од најинтересните години кои некогаш сум ги имал на моите најблиски им кажав дека ќе забавам малку. Секогаш семејството ќе биде на прво место, а потоа тенисот. Но, можам да правам комбинации сè додека децата и Мирка се среќни.“, изјави тенисерот кој 9 години е во брак со Мирка и имаат 9-годишни близначки и 4-годишни близнаци.
Прочитајте и Била тенисерка, имаат 4 деца, ја исмеваат за стилот: Мирка е двигателот на Роџер Федерер.
Федерер со семејството:
С. С. | Црнобело