Најмени папараци, дрога за време на снимањето - 10 мрачни тајни кои го откриваат вистинското лице на Холивуд
- Детали
- сабота, 22 декември 2018
Откако се откри скандалот со Харви Вајнстин, како и многу други холивудски моќници кои се обвинети за сексуална злоупотреба, „филмската света земја“ доби сосема поинакво лице, кое многу пати досега било вешто прикривано.
Како е да се живее во Холивуд, во светот на мега ѕвездите, во екот на популарноста?
Холивуд е многу повеќе од пари, слава, црвени килими и милиони обожаватели кои го извикуваат вашето име. Холивуд е местото на инсценирани настани, злоупотреба, кршење на срцето и секако, криминал.
Ова се 10 мрачни тајни и застрашувачки приказни кои покажуваат сосема нова димензија од урбаниот мит наречен Холивуд:
Ѕвездите сами најмуваат папараци
Доколку погледнете фотки на интернет или во некој весник кои изгледаат „наместено“ голема е веројатноста дека навистина се.
Во 2016 година, холивудски фотограф открил дека многу славни личности намерно најмуваат папараци со цел да ги контролираат фотографиите кои излегуваат во јавноста и да го одржуваат имиџот кој си го наметнале самите или оној кој им е наметнат од страна на менаџерите.
Ким Кардашијан е една од ѕвездите кои ги има папараците буквално на брзо бирање на телефонот. Таа постојано им праќа пораки каде е, или пак им плаќа летови со цел да ја следат секаде каде што патува со цел да ја фотографираат.
Нелегалните супстанции се дозволени за време на снимање
Понекогаш, сè што е потребно актерот беспрекорно да ја одглуми улогата доаѓа во облик на нелегални супстанци, најчесто наркотици. Холивуд е познат по тоа што обезбедува огромни количини од омилените опијати на првокласни ѕвезди со една цел – успешно да се заврши снимањето.
Актерот Денис Квејд изјавил дека неговата повремена зависност од наркотици ескалирала токму за време на филмските снимања, особено кога потпишал договори за блокбастери.
Кокаинот бил предвиден во филмскиот буџет под псевдонимот „ситнеж“, со кој се оправдувало трошењето на парите.цТој тврдел дека дрогата слободно се давала за време на филмските сетови и тоа било сосема нормално, бидејќи сите го практикувале.
Секој публицитет – е добар публицитет
Дури и лошиот публицитет е посакуван. Едноставно во светот на славните не постои граница која не би ја преминале со цел да се здобијат со вниманието на јавноста.
Во 2014 година кружеа многу муабети околу тоа дали Ким Кардашијан и Канје Вест ќе се појават на насловната страница на Вог, откако самите ѕвезди „ургирале“ да ја остварат оваа желба.
Уредничката Ана Винтур подоцна изјави дека доколку списанието се одлучило да се држи до „пристојни“ ѕвезди, никој немало да крене толкава паника. Но, откако ги стави двајцата на насловната страница, списанието доби толку многу публицитетот и внимание, што дури и лошиот публицитет во Холивуд – е добар.
Нарушувања во исхраната
Притисокот да се изгледа слабо и прекрасно е причината за многубројните нарушува во исхраната со кои се соочуваат ѕвездите.
Тие се осудувани не само од страна на јавноста, туку и од нивните агенти и менаџери кои постојано ги потсетуваат дека е потребно е ослабат „само уште малку“.
Деми Ловато се сеќава дека на возраст од 2 или 3 години го гледала своето детско меше и се прашувала дали тоа некогаш ќе биде сосема рамно. Како што растела, нарушувањата во исхраната биле сè почести и посериозни.
Актерката Наоми Вотс открила дека практично се изгладнувала со цел да изгледа совршено на црвениот тепих, а плус-сајз моделот Ешли Греам изјавила дека агент мавтал со банкнота од 20 долари пред нејзиното лице, кажувајќи ѝ дека може да заработи многу повеќе од тоа, само доколку ослаби.
Сексуални услуги во замена за улога
„Casting Couch“ е терминот којшто се употребувал долго пред да се разоткрие скандалот со Харви Вајнстин. Доколку сакате да добиете улога во филм, потребно било прво да ги прикажете вештините кои ги поседувате во креветот.
Меган Фокс ги потврди сите овие шпекулации. Таа изјавила дека „холивудските легенди“ ја канеле на состаноци, а таа била возбудена за можностите кои ѝ претстојат.
Но, откако ќе се појавела на состаноците сфаќала дека од неа очекуваат само една работа – секс во замена за добивање на улога.