Зошто Меган Маркл носи штикли, дури и во лежерните пригоди кога може да облече ниски чевли?
- Детали
- четврток, 13 декември 2018
Високите штикли имаат моќ да ја зголемат самодовербата на секоја жена, но тоа не е причината зошто Меган Маркл преферира висока потпетица, наместо балетанки или патики.
Додека Кејт Мидлтон знае да се појави во спортски патики или ниски балетанки, Меган Маркл многу ретко ја гледаме во рамни обувки.
Дури и на спортски терени и кралски должности кои вклучуваат физичка активност, Меган одбира тенки штикли.
Зошто? Очигледно не се работи за никакво кралско елегантно правило, со оглед на тоа колкупати Кејт би го прекршила.
Причината што Меган Маркл во присуство на принцот Хари ја гледаме многу почесто во штикли, наводно е нивната разлика во висината.
Хари е висок 186 сантиметри, додека Меган е висока 171 сантиметар. Иако има парови со многу подрастична разлика во висината, Меган смета дека визуелно, балансот се нарушува доколку таа облече ниски чевли.
Тоа го потврдува и славниот фотограф Глен Гратон.
М. Д. | Црнобело