Ријана, Џеј Ло и уште 4 ѕвезди кои биле жртви на луди фанови
- Детали
- вторник, 11 декември 2018
Како што славата расте, така се намалува чувството на безбедност кај познатите личности.
Па така, овие 6 жени биле жртви на нивни фанови кои по секоја цена сакале да допрат до нив.
На некои им успеало, но на крајно морничав начин:
Ријана
Во 2015-та година Ријана ја бркал маж кој се заканувал дека ќе ја убие, а претходно истиот човек на социјалните мрежи постирал фотки направени во близина на повеќе славни личности. Исто така, му испраќал и заканувачки пораки на поранешното момче на Ријана, Крис Браун.
Мадона
Во 2010-та маж по име Роберт, на патеката пред домот на Мадона пишувал реченици и фрази како „да се запознаеме“ „кажи ми: да или не“ „исполни ми го сонот и ќе заминам“. Мадона го пријавила за нарушување на приватноста.
Ева Мендес
Од 2008-ма година Ева Мендес била мета на фан кој имал замислено дека тие двајца биле во љубовна врска. Ѝ испраќал љубовни писма, картички, па дури и долги аудио снимки. Во едно од писмата дури и тврдел дека Ева рекла како би умрела за него. Оттогаш, има забрана за пристап до неа и нејзините имоти.
Џеј Ло
Во август 2013-та еден фан на Џеј Ло успеал да влезе во нејзиниот двор во вилата во Хемптонс и да престојува речиси цела недела во гостинската куќа, до базенот. Обезбедувањето не се ни сомневало, а работите излегле на виделина дури откако човекот постирал фотка на социјалните мрежи од неговиот „нов дом.“
Линдзи Лохан
Еден маж по име Даниел, во 2014-та се претставил како сопруг на Линдзи и се обидел да влезе во нејзиниот стан во Лондон. Го нападнал и рецепционерот кој се обидел да го спречи во упадот.
Блејк Лајвли
Во 2012-та маж по име Сергеј присуствувал на сите сетови и снимања каде била Блејк Лајвли, а неколку месеци подоцна се обидел да стигне до неа и преку мајката на актерката. Набрзо му била изречена забрана за доближување.
М. Д. | Црнобело