Бијонсе сака титаниумски цевки, Канје – Versace пешкири: Барањата на ѕвездите за гардеробите
- Детали
- среда, 12 декември 2018
Некои ѕвезди бараат 20 различни типови на пијалаци, други одредени собни температури – славните имаат навистина ексцентрични барања дури и кога станува збор за гардеробите.
Иако некои од славните личности се скромни и имаат умерени барања кога одат на настапи и гостувања, сепак има и такви кои ги надминуваат сите граници.
Гардеробите за пресоблекување и собите во кои престојуваат мора да поседуваат сè што ѕвездите ќе побараат – од посебни јадења и кревети, до строго одредена температура и уште многу чудни работи.
Какви се барањата на ѕвездите за гардеробите – кои се однесуваат како дива, а кои се поскромни?
Бијонсе
Бара посебни титаниумски цевки од 900 долари, како и специјални ледени топчиња за да ѝ го омекнуваат грлото, а додека беа на турнеја со Џеј Зи, барала и 18-каратни креветчиња за близнаците.
Џастин Бибер
Пејачот бара да има специјална вода, џакузи во бекстејџ, 10 луксузни седани и органска мисирка, како и специјални чоколади, а фрижидерот мора да биде стаклен.
Канје Вест
Во барањата за бекстејџ на Канје,му стојат шише лут сос, мал јогурт, чепкалки за заби и многу алкохол. Кога станува збор за пешкири, небрендирани не доаѓаат во обѕир, исклучиво специјално правени Versace пешкири, а теписите мора да бидат пеглани и рамни, а не со издигнувања.
Тревис Скот
Каде и да оди да настапува, мора да има посебна соба за Сторми каде што ќе си игра, ќе го гледа настапот на тато и тој ќе може да ја гледа на паузи, а во нив има ужинки, играчки и специјално направен знак со нејзиното име на вратата.
Џенифер Лопез
Свеќи со посебен мирис, специјална храна – сите работи кои ја прават Џеј Ло вообразена дива.
Ријана
Покрај соодветно осветлување за релаксирана атмосфера, Ријана бара сите цигли или шкафчиња да бидат обвиткани во бела боја.
Ледено сини завеси од шифон треба да бидат комбинирани со тепих со животински принт, треба да има специјални свеќи, бели лалиња и други специјални цвеќиња, но без зеленило.
Кристина Агилера
Таа изгледа е многу спуштена на земја, а помеѓу барањата кои треба да ги има во собата се соја сирење, орео колачиња, витамини и уште неколку веге намирници.
Лејди Гага
Секако, очекувано, таа има чудни барања, како кукли со розова коса, постери од Queen. Зелената соба мора да биде наполнета со 28 шишиња вода на собна температура и уште 28 изладени.
Екстра долги цевки, ленено семе што не содржи повеќе од 4 грама шеќер и органски путер од кикирики се исто така дел од барањата.
Селена Гомез
Цела тегла со кисели краставички, пилешко од KFC, чипс и многу вода се најважните работи за Селена во бекстејџ, а свеќите си ги носи сама.
М. М. | Црнобело