Опра медитира, Барак секогаш појадува: Кои се утринските ритуали на познатите личности?

Славните личности, исто како и сите нас, имаат свои утрински ритуали, без кои денот не може да им започне.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-01.jpg

Некои мора да појадуваат, други да се напијат чај наместо кафе, а трети да медитираат или да вежбаат.

На повеќето од нив, распоредот за денот им е добро организиран и прават добар баланс помеѓу кариерата и приватниот живот, како и животниот стил, заради што постигнуваат успех.

Какви се утринските ритуали и навики на познатите личности кои ќе ви послужат како инспирација?

Барак Обама

Барак не е вљубеник во кафето, па наутро сака да се освежи и да го поттикне метаболизмот со шолја зелен чај, сок од портокал и многу вода.

Тој има 2 правила кога станува збор за утринска рутина – не пропушта вежбање и секогаш појадува.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-02.jpg

Џенифер Анистон

Актерката важи за ранобудна, со оглед на тоа што секој работен ден се буди во 4.30 наутро и веднаш ги започнува утринските ритуали.

Џенифер го мие лицето со вода и сапун, пие топла вода со лимон, а потоа медитира 20 минути.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-03.jpg

Опра Винфри

Опра секое утро го започнува со 20 минути медитација, независно дали е работен ден, викенд или празник.

Таа вели дека седењето во мир ја исполнува со надеж, среќа и радост, а кога се брза, медитира 10-тина минути, но двапати на ден.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-04.jpg

Ричард Бренсон

Независно како ќе му се одвива денот, тој се буди околу 5 наутро, вежба и појадува.

Но, најважно од сè наутро му е да помине време со семејството пред да се фати за работа.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-05.jpg

Џесика Алба

Сите знаат дека вежбањето наутро е многу ефективно, плус, ако не вежбате наутро, шансите да вежбате вечерта кога сте уморни се уште помали.

Но, за да се натера на утринско вежбање, Алба го прави тоа со пријателките кои ја мотивираат да практикува јога и вежбање, на што таа лично не е голем фан.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-06.jpg

Кејт Хадсон

Кејт се расонува со помош на ледена купка, односно користи сад полн со мраз и малку вода, каде го става лицето и се обидува да издржи што подолго.

Со тоа таа се расонува побрзо, а тоа ѝ помага и лицето да и биде помеко и сјајно.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-07.JPG

Марк Закерберг

Со цел да не губи време на бесцелни работи како облекување, тој практикува елиминирање на избори.

Па така, тој има 20 идентични сиви маици, со што избегнува да бира што да облече наутро и може да се фокусира на бизнис и попаметни работи.

opra-meditira-barak-sekogash-pojaduva-koi-se-utrinskite-rituali-na-poznatite-lichnosti-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg