Зошто Хари и Меган Маркл ќе се селат во нов дом, на страна од Вилијам и Кејт?
- Детали
- понеделник, 26 ноември 2018
Тие не сакаат детето да си го растат во златен кафез, плус изгледа односите помеѓу Кејт и Меган не се најсјајни.
Принцот Вилијам со Кејт Мидлтон и принцот Хари со Меган Маркл живееја во апартмани во склоп на Кензингтонската палата. Вилијам во најголемиот апартман со 20 спални соби, додека Хари во апартман само со 2 соби.
Но, сега пред пристигнувањето на неговото прво дете Хари ќе се отсели оттаму и заедно со Меган ќе живеат во вилата Фрогмор на имотот Виндзор, која има 10 спални соби.
Една од причините за преселбата е што вилата Нотингем ќе им биде премала по пристигнувањето на детето, а кај нив сигурно ќе преспива и мајката на Меган, Дориа, која ќе им помага во грижата за него.
Исто така, Меган е позната по одлучноста и своеглавоста, па не е чудно што таа ги размрдала работите. Особено затоа што е познато дека не изгради близок однос со Кејт Мидлтон.
Извор близок до Војвотката од Сасекс вели дека едноставно тие две се сосема различни типови на луѓе и дека вкусот на Меган е специфичен и не се совпаѓа со тој на Кејт. Таа е независна и ќе ѝ биде тешко доколку остане во Кензингтонската палата, каде има многу правила, изјави извор близок до Меган.
Тие сакаат да избегаат од златниот кафез, плус овој имот е отворен за јавноста само неколку дена во годината и таму е мирно, тивко и приватно, за разлика од Кензингтонската палата.
Единствен проблем е што Меган и Хари ќе треба да патуваат пo 40 километри за извршување на кралските обврски во Лондон.
Вилата Фрогмар каде ќе живеат Меган и Хари
С. С. | Црнобело