9 ѕвезди кои живеат и се борат со хронични болести
- Детали
- четврток, 22 ноември 2018
Во светот, половина од луѓето се борат со хронична болест или состојба, а славните не се исклучок од овој податок.
Дел од нив отворено зборуваат за состојбата и постојаното лекување:
Селена Гомез
Во 2015-та откри дека боледува од лупус, автоимуна болест, кој ѝ наштети на бубрезите, па во 2017-та неопходна ѝ беше трансплантација на бубрег.
Бела Хадид
Лајмската болест се добива преку каснување од крлеж, а симптомите се покачена температура, болки во телото и малаксаност. Ако не се лекува на време, може да доведе до компликации.
Лејди Гага
Фибромијалгија е состојба која предизвикува голема болка во мускулите, заедно со замор и проблеми со спиењето и меморијата, а Лејди Гага повеќе од година дена се обидува да ја поткрене свеста на оваа тема.
Ким Кардашијан
Ким со години се бори со псоријаза, автоимуна состојба која се појавува на кожата во облик на бледи флеки.
Џиџи Хадид
На 17 години ѝ била дијагностицирана Хашимотова болест, состојба која води до неактивна тироидна жлезда.
Хали Бери
Хали Бери од 19-годишна возраст внимава на исхраната и оди на редовни контроли, бидејќи страда од дијабетес.
Пинк
Во интервју во 2009-та година Пинк откри дека страда од астма и дека мора редовно да биде активна за да може да го издржи темпото на движење и пеење на сцената.
Џорџ Клуни
Во февруари 2012-та Џорџ Клуни за првпат отворено зборуваше за неговата борба со хроничната болка, по преживеаната несреќа.
Мараја Кери
Биполарноста е карактеризирана со нагли промени на расположението, а Мараја Кери за првпат во април призна дека од неодамна ѝ била дијагностицирана.
М. Д. | Црнобело