Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Драми, неверства, насилство: Најнеромантичните врски на славните

Убави се, богати и успешни, но тоа честопати како да доаѓа со скапа цена по љубовниот живот.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-001.jpg

Така, чистата љубов е заменета со неверства, драми, скандали, па дури и насилство.

Ова се врските кои важат за најнеромантичните помеѓу славните:

Ријана и Крис Браун

На почеток беа прекрасен пар, сè додека Крис Браун не ја нападна и претепа Ријана под дејство на алкохол и како последица на бурна кавга.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-1.jpg

Џони Деп и Амбер Херд

По 15 месеци брак, Амбер побара развод од Џони Деп, со образложение дека е склон на алкохолизам и насилство. Тој негираше, но судот сепак одреди да ѝ плати 7 милиони долари на својата бивша сопруга.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-2.jpg

Мадона и Шон Пен

На почеток тврдеа дека се работи за љубов на прв поглед и по само неколку месеци заедно, стапија во брак.

Во јуни 1987-ма се проширија гласините дека Шон ја удрил Мадона со бејзбол палка по главата, а во 1989-та година Мадона тврдеше дека ја малтретирал цели 9 часа, под дејство на алкохол.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-3.jpg

Кајли Џенер и Тајга

Во рок од 2 години, Тајга и Кајли небројно многу пати се скараа и смирија, а во 2016-та Кајли конечно го остави поради неверство.

Претходно, изнајмила приватен детектив кој ќе го следи и ќе собере доволно докази за изневерувањето.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-4.jpg

Мелиса и Џереми Микс

Сопругата на најзгодниот затвореник во светот дозна за неговата афера од папарацо фотки, кога летото 2017-та, додека ја лажел дека е на службено патување, папараците го уловија со Клое, сегашната вереница со која има едно дете.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-5.jpg

Роб Кардашијан и Блек Чајна

Веројатно најдраматичната врска на која сме сведочеле последниве неколку години. Роб Кардашијан почна да се гледа со Блек Чајна во 2016-та година, а само неколку месеци подоцна станаа родители.

Врската им беше полна со драми во кои беше вмешано целото Кардашијан семејство, за на крајот, 1 месец по раѓањето на заедничката ќеркичка, парот конечно да се раздели.

drami-neverstva-nasilstvo-najneromanticnite-vrski-na-slavnite-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg