Шајло како момче, Анџелина без градник: Кога Џоли сака да оди на ручек без никој да ја види (фото)
- Детали
- понеделник, 19 ноември 2018
Актерката со 3 од нејзините 6 деца беше уловена во лежерно издание, иако сакаше да се сокрие од папараците.
Анџелина Џоли беше фотографирана со 12-годишната Шајло и 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс во Лос Анџелес.
Дури и нивното куче, кое го водеше Шајло, беше со нив на ручек во ресторанот.
Трите постари деца на 43-годишната ѕвезда овојпат не беа со неа. Таа се едноставен стајлинг со бела маичка и панталони, а со помош на шапката и очилата за сонце се обиде да ги избегне љубопитните погледи на околината.
Ќерката на Анџелина, Шајло повторно беше облечена во својот препознатлив момчешки стил.
Инаку, Џоли и Бред Пит се среде судска битка за старателство врз децата.
Прочитајте и Се облекува како момче, сака да ја викаат Џон: 10 факти за Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит!
Џоли со децата:
С. С. | Црнобело