Како изгледаат денес девојките од контроверзното руско дуо „Тату“? (фото)
- Детали
- четврток, 15 ноември 2018
Се бакнуваа и допираа на сцената, а нивните песни станаа светски хит. Денес контроверзните Русинки имаат деца и градат соло кариери.
Руското контроверзно дуо „Тату“ (t.A.T.u.) брзо по појавувањето постигна светска слава. Двете шармантни „ученички“, кои разменуваа нежности на сцената ја освоија светската јавноста.
Групата беше основана 1999 година во Москва, а во 2003 ја претставуваа Русија на Евровозија, каде го освоија третото место. Девојките во 2011 година одлучија да се разделат и да почнат соло кариери.
Лена Катина (34) и Јулија Волкова (33) стекнаа светска слава, особено со песните „All about us“, „All the things she said“ и „Simple movements“. Во тој период многумина сметаа дека девојките не се лезбијки, туку тоа им е само маркетиншки трик.
Денес, црвенокосата Лена живее во Лос Анџелес, пишува песни, гради соло кариера, има син и вели дека е пресреќна што била дел од „Тату“ и дека тоа ѝ било неверојатно искуство. Црнокосата Јулија работи на својата соло кариера, ги воспитува своите деца и има 242.000 следбеници на Инстаграм.
Девојките од „Тату“ некогаш и сега:
С. С. | Црнобело