Мишел Обама направи дамска фотосесија за Elle и разговараше со Опра за бракот и спонтаниот абортус
- Детали
- вторник, 13 ноември 2018
Доволен е еден поглед на новата насловна страна на Elle со Мишел Обама, за целосно да ве шармира некогашната прва дама на САД.
Интервјуто за магазинот го направи Опра, која разговараше со Мишел за тоа како израснала, како ја одржува љубовта, бракот и хармонијата во семејството, но и за личните успеси како моќна жена.
Повод за интервјуто беше објавувањето на книгата „Becoming“ чиј автор е Мишел Обама и има мисија да ги инспирира сите млади девојки и жени.
Секогаш умерена, со одлична смисла за хумор, Мишел веќе години наназад ги освојува симпатиите на јавноста со своите појавувања. Па, ова интервју заедно со елегантната, дамска фотосесија не беше исклучок.
Мишел Обама за...
Откривањето на приватноста во јавност
„Луѓето секогаш ме прашуваат: Како си толку автентична? Како успеваат луѓето да се поврзат со тебе? И мислам дека тоа е затоа што си се допаѓам самата на себе. Ја сакам својата приказна и сите нејзини неправилности и модрици. Тоа е она што ме прави уникатна.“
Како е да се биде пример
„Знам дека јас и Барак, без разлика дали го сакаме тоа или не, сме им пример на другите. Мразам кога луѓето кои се изложени во јавноста или дури и го бараат вниманието од јавноста, се повлекуваат и велат: Па јас не сум пример. Не ја сакам таа одговорност. Прекрасно. Веќе си. Младите луѓе се огледуваат во тебе.“
Бракот
„Секогаш мислев дека љубовта е исто што и близината. Љубовта е заедничка вечера, љубовта е доследност, близина... Затоа морав да научам да ја споделам својата ранливост и да научам да сакам поинаку. Тоа беше важен дел од мојот пат. Да разберам како да останеме ние. Го споделив ова бидејќи знам дека луѓето гледаат на мојот однос со Барак како идеален. Знаеме дека сме #relationshipgoals. Но, луѓе, полека, бракот е тежок!“
Во книгата, Мишел Обама открива и дека доживеала спонтан абортус, како и дека двете ќерки Саша и Малиа се зачнати со ин-витро.
Неуспешната бременост и извлечената поука
„Се чувствував како да сум потфрлила, бидејќи не знаев колку се чести спонтаните абортуси, бидејќи никој не зборуваше за нив.
Сметам дека најлошата работа која ние како жени си ја правиме меѓусебно, е тоа што не ја споделуваме вистината за нашите тела и како тие функционираат.“
Уживајте и во фотките на Мишел:
М. Д. | Црнобело