Лејди Гага за менталното здравје: „Мојот внатрешен глас згасна“

Познатата пејачка и актерка Лејди Гага одржа моќен говор за време на „Patron of the Artists Awards“, кои ги организира фондацијата „SAG-AFTRA“.

lejdi-gaga-za-mentalnoto-zdravje-mojot-vnatreshen-glas-zgasna-001.jpg

„Се чувствувам како да не припаѓам тука, меѓу вас“, се обратила таа на присутните, алудирајќи на тоа дека е „премала“ за да може да биде во друштво на големите имиња.

„Овој говор го подготвував над три часови, размислував што да кажам и потоа си реков дека говорот е предолг и никој нема да ме ислуша“, започнала таа.

lejdi-gaga-za-mentalnoto-zdravje-mojot-vnatreshen-glas-zgasna-01.jpg

Сепак, иако говорот траел повеќе од 20 минути, Лејди Гага го доби посакуваното внимание од присутните:

„Губиме цели генерации млади луѓе кои не мислат дека нивните гласови вредат да бидат чуени. Потребата на овој свет за љубезност е парализирачка. Секој ден слушаме лоши вести, трагедии и тоа нè запира.

Но, ние треба да ги споделиме своите приказни, за глобалното ментално здравје да излезе од темнината. Опасно е и го знаеме тоа, бидејќи меѓу сите оние вооружени напади и насилства, имаше и таков зад кој стоеше ветеран со посттрауматско нарушување, што е ментална болест. Затоа и мораме да обрнеме внимание.

Кога зборувам за ментално здравје, особено за своето, опкружена сум со молк или со фанови кои ми ги шепотат своите мрачни тајни. Мораме да ја пуштиме светлината врз менталното здравје.“

lejdi-gaga-za-mentalnoto-zdravje-mojot-vnatreshen-glas-zgasna-03.jpg

Лејги Гага открила и како морала да се соочува со посттрауматското нарушување, кое резултирало со хронична физичка болка, панични напади, фибромијалгија, акутна траума, суицидни мисли и мазохистичко однесување.

„Потоа следуваше период кога ја прифаќав секоја понуда за работа и не знаев да кажам 'не', затоа што мојот внатрешен глас згасна. Доцна научив дека тоа не е здраво. Немав спомени, само блиц-мемории и искуства кои лесно бледнееја.

Ви го кажувам ова затоа што за мене веќе беше доцна. Сакам барем да имав повеќе извори за да научам за своите нарушувања.“

lejdi-gaga-za-mentalnoto-zdravje-mojot-vnatreshen-glas-zgasna-04.jpg

На овој говор се надоврзала и водителката Рејчел Блум:

„И јас страдам од анксиозност и депресија и сум благодарна на Бога што постојат лекови. Ја имам соодветната терапија затоа што можам да си ја дозволам. Ти благодарам Лејди Гага за твојот говор.“

Слушнете го целиот говор на Лејди Гага:

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg