Лузните кои открија дека Меган Маркл имала операција за „совршени стапала“
- Детали
- петок, 02 ноември 2018
Војвотката од Сасекс ги соблече омилените Manolo Blahnik штикли и чекореше боса на традиционална церемонија во Нов Зеланд.
Иако на себе носеше впечатлива наметка од пердуви, сепак луѓето се фокусираа на нејзините стапала и решија да ги анализираат до најситен детаљ.
Притоа, лузната откри дека Меган веројатно имала болна процедура која вклучува кршење на коската, за да има „совршени стапала.“
Како што една докторка открива, процедурата е екстремно болна, бидејќи се работи за кршење на коска со повеќе слоеви.
Откако болката ќе помине, требаат цели 8 недели за пациентот повторно да може да чекори нормално и да се бања без пластични кеси на стапалата.
Лузните по операцијата, во 2015-та година:
Кои други славни дами имаат несовршени стапала, но сепак не се одлучиле за ваква процедура?
М. Д. | Црнобело