Запознајте ја сопругата на доктор Оз - ужасен прв состанок, 33 години брак, 4 деца (фото)
- Детали
- петок, 26 октомври 2018
Доктор Оз преку малите екрани веќе години наназад привлекува милиони луѓе ширум светот со своите совети за добро здравје.
Мехмет Оз, попознат на јавноста како доктор Оз, и неговата сопруга Лиза имаа успешен брак, но во едно интервју тие открија дека имале ужасен прв состанок.
Тој ја поканил во локал специјализиран за пилешко, а таа му открила дека е среќна за поканата, но дека е вегетаријанка.
И начинот на кој стапиле во контакт е некомфорен. Таткото на доктор Оз бил пријател со таткото на Лиза и тие ги поканиле децата со нив на вечера еден ден. Било како брак со стројници.
„Тој не ми зборуваше цела вечер ништо, туку разговараше со мојата мајка“, откри Лиза, но всушност тоа му била тактиката. „Кога мајката е освоена и ќерката е освоена“, вели доктор Оз.
Потоа ја поканил на состанок, а таа му рекла дека ќе ја прифати покана само ако ѝ каже искрено дека не оди и со други жени на состаноци. Почнале да се состануваат и по 7 месеци врска ја имале првата голема кавга, кога доктор Оз всушност сфатил дека не може да живее без Лиза и ѝ предложил брак.
Тие се веќе 33 години во брак, имаат 4 деца и сè уште им сјаат очите кога зборуваат еден за друг.
Инаку, моментално е 10-тата сезона од шоуто на доктор Оз, коe некои го обожаваат, а други го прогласуваат за измамник кој сервира непроверени информации на тема здравје.
Како изгледа неговата сакана:
С. С. | Црнобело