Меган облече сако дизајнирано од Серена Вилијамс - сега веќе е распродадено

Кралскиот пар е во официјална посета на Австралија, по обелоденувањето на веста дека војвотката од Сасекс е бремена.

megan-obleche-sako-dizajnirano-od-serena-vilijams-sega-vekje-e-rasprodadeno-01.jpg

Тие имаат навистина успешна турнеја низ Австралија, но многумина имаа забелешка дека Меган воопшто не се облекувала модерно и впечатливо. Сепак, едно парче од нејзината облека стана навистина премногу барано за помалку од еден ден по објавувањето на официјалните фотографии.

На првото официјално појавување во јавност во Австралија, Меган ѝ оддаде почит на принцезата Дијана, нејзина покојна свекрва, носејќи ги нејзините обетки и алката.

Веќе следниот ден одбрала сако дизајнирано од славната тенисерка Серена Вилијамс, кое веднаш стана апсолутен хит меѓу трендсетерките и модните блогерки.

megan-obleche-sako-dizajnirano-od-serena-vilijams-sega-vekje-e-rasprodadeno-03.jpg

Серена не можела да одолее и веднаш се пофалила на својот профил на Инстаграм, поставувајќи слика од Меган и Хари, на која во прв план се гледа сакото.

View this post on Instagram

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Сепак, тоа се покажало како паметен потег, бидејќи побарувачката за овој модел веднаш пораснала, а продадени се сите достапни парчиња од него.

Неговата цена е 145 долари, што за некои е сосема оправдана сума, за поседување на парче кое го носи Меган Маркл.

megan-obleche-sako-dizajnirano-od-serena-vilijams-sega-vekje-e-rasprodadeno-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg