Славни парови кои глумеа дека се заљубени заради лични интереси

Постојат холивудски двојки кои се како создадени едни за други. Но, има и такви, чија врска делува претерано лажно, за да емоциите бидат вистинити. Дали е така и во наведените примери?

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-2.png

Љубовните приказни на познатите фаци се како телевизиски сапуници.

Полни се со интриги и скандали, па секоја епизода од приватниот живот им е покомплицирана од претходната.

Наспроти обидите да се прикажат во поинакво светло, дел од нив се чинат лажни уште од самиот почеток.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-3.jpg

Денес изгледа како никогаш да не биле вистинска романтична двојка, туку ги споиле парите и публицитетот, или, пак, некаква маркентишка корпорација, која во нивната врска видела одлична прилика за повеќекратна корист. А, тие ги прифатија улогите.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-4.jpg

Ова се славните парови кои глумеа дека се љубат заради лични интереси:

Џенифер Анистон и Винс Вон

По разводот од сопругот Бред Пит, американската глумица пронајде утеха во прегратките на партнерот од комедијата „The Break-Up“ .

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-5.jpg

За врската на Џенифер Анистон и Винс Вон, малку се знаеше во јавноста, затоа што и ретко се појавуваа некаде.

Раскинаа една година подоцна, според многумина, откако повеќе не им се исплатеше како реклама на филмот што двајцата го промовираа.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-6.jpg

Единствениот коментар што актерот го даде за нивниот однос, кратко гласеше дека е: „ОК.“

Том Круз и Кејти Холмс

По само два месеци забавување, холивудскиот глумец ја запроси саканата на врвот од Ајфеловата кула во Париз.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-7.jpg

Кејти Холмс говореше за Том Круз како затрескана средношколка, користејќи описи од бајки додека раскажуваше за нивната љубов.

Самиот брак, пак, предизвика мноштво бизарни гласини.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-8.jpg

Еден од најстрашните е дека ќеркичката Сури е всушност биолошко дете на основачот на Саентолошката црква, зачната со помош на замрзната сперма. Издржаа шест години заедно.

Тејлор Свифт и Том Хидлстон

Сега веќе озогласената пејачка, најпозната е по тоа што им се „одмаздува“ на поранешните момчиња во напишаните стихови.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-9.jpg

На списокот со бивши љубови ѝ се наоѓаат доста познати имиња. Меѓутоа, симптоматично е што со сите од нив, кантавторката раскина баш пред издававањето нова песна, или, пак, албум. Најсомнителна е врската помеѓу Тејлор Свифт и британскиот актер Том Хидлстон. 

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-10.jpg

Во фокусот беше очигледното снимање лажни фотографии, а со цел да се крене публицитет за обајцата. Раскинаа по три месеци глума.

Мајкл Џексон и Деби Роу

Кралот на поп музиката помина три години во брак со непознатата медицинската сестра.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-11.jpg

После разводот од Мајкл Џексон, Деби Роу се откажа од старателските права над децата, во замена за висока сума пари и вила на Беверли Хилс. Тогаш истакна дека починатиот пејач е создаден да биде нечиј родител, а единствената желба ѝ била да му го овозможи тоа.  

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-12.jpg

Се поставува прашање дали стануваше збор за сурогат мајка, или, пак, лажен брак.

Џенифер Лопез и Дрејк

Латино дивата и канадскиот рапер ги полнеа насловните страници на таблоидите со своите романтични фотки.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-13.jpg

Од друга страна, Џенифер Лопез и Дрејк никогаш официјално не потврдија дека се заедно. По некое време, излезе дека тие всушност создаваат музика.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-14.jpg

Откако призна дека не е вљубена во колегата, пејачката еден ден подоцна заплови во врска со Алекс Родригез. Овојпат – сосема реална.

Хенри Кавил и Кејли Куоко

Тие првпат беа видени како разменуваат нежности во 2013 година. Но, „љубовта“ на Хенри Кавил и Кејли Куоко имаше краток на траење.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-15.jpg

Славниот пар остана десетина дена заедно, по што им се разделија патиштата, како никогаш да не се ни сретнале. Постојат сомнежи за вистинитоста и на оваа врска, имајќи го предвид податокот дека обајцата ги претставуваше иста фирма за односи со јавноста.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-16.jpg

А, веднаш по нејзиниот завршеток, актерката премина на Рајан Свитинг, за кого и се омажи само три месеци покасно.

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон

Од самиот почеток на нивната врска, се шпекулираше дека таа служи исклучиво за промоција на филмската сага „Twilight“, каде двајцата ги толкуваа главните улоги.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-17.jpg

Факт е дека Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт воопшто не делуваа среќни на заедничките фотографии. А, дури и самата глумица откри дека се пар бидејќи луѓето го очекуваат тоа од нив.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-18.jpg

По скандалозното неверство од нејзина страна, дефинитивно исчезнаа сите илузии дека тие се љубовна двојка за сите времиња. Тој се сврши со друга девојка, а таа се сврте кон истиот пол.

Даг Хачисон и Кортни Стоден

Ѕвездата на реалното шоу се омажи за глумецот во Лас Вегас, кога таа имаше само 16 години, наспроти неговите 51. Даг Хачисон и Кортни Стоден наводно се допишувале преку електронска пошта.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-19.jpg

Комуникацијата се одвивала под надзор на мајката на старлетата, која во тоа гледала само искрено внимание, а на крајот и љубов. Измислена беше приказна за секс снимка на двојката, што всушност претставуваше маркетиншки трик за нејзиното „едукативно“ видео за возрасни.

slavni-parovi-koi-glumea-deka-se-ljubat-zaradi-lichni-interesi-20.jpg

По разделбата продолжија да живеат во иста куќа, а кружат гласини и дека повторно се смирени.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg