Зошто Кејт и Вилијам одеднаш почнаа да покажуваат нежност во јавност?
- Детали
- понеделник, 15 октомври 2018
Додека целиот свет зборува за венчавката на принцезата Еугенија, фановите на кралскиот пар Кејт и Вилијам не престануваат да ги прегледуваат нивните фотки и видеа од свечениот ден.
На венчавката, Вилијам и Кејт покажаа поинаков говор на телото и беа многу поблиски од вообичаено.
Краткото видео на кое се држат за раце додека седат во црквата стана хит по социјалните мрежи, а експертите за говор на телото ја објаснија причината за ненадејната блискост во јавноста на кралскиот пар.
https://www.youtube.com/watch?v=V1vp4osRoKo
„Сега кога вниманието е насочено кон другите членови од кралското семејство, имаат слобода да бидат постабилни и поврзани. Односот на кралскиот пар дефинитивно е променет на подобро и не се плашат да бидат понежни еден кон друг, веројатно затоа што знаат дека очите на јавноста веќе не се вперени само во нив.
По венчавката на принцот Хари, и двајцата се поопуштени за време на јавните настани и појавувања.“
Дел од љубовните моменти на Кејт и Вилијам уловени на камера:
М. Д. | Црнобело