Што е и како се одвива ДБТ, терапијата на Селена Гомез во клиниката за психолошки нарушувања?

Веста дека поп-ѕвездата доживеала емоционален напад предизвика нејзините колеги и фанови да ја дадат максималната поддршка за неа.

shto-e-i-kako-se-odviva-dbt-terapijata-na-selena-gomez-01.jpg

Според медиумите, Селена е третирана со дијалектичка бихејвиорална терапија (ДБТ) во специјализирана клиника за психолошки нарушувања.

Паничниот напад и напливот на емоции кај пејачката се случија откако ѝ беше трансплантиран бубрег, а како последица на тоа ѝ се наруши општата здравствена состојба.

Првпат се подложи на ДБТ минатата година и за „Vogue“ изјави дека овој третман ѝ го променил животот. Во интервјуто таа открила дека терапијата траела три месеци, со наизменични сесии насамо и во група.

shto-e-i-kako-se-odviva-dbt-terapijata-na-selena-gomez-02.jpg

Но, што точно е дијалектичката бихејвиорална терапија?

Се работи за терапија која првенствено била користена кај хронично суицидните пациенти, кај кои е дијагностицирано и гранично нарушување на личноста.

Подоцна се покажала и како ефективна и кај третманот за зависности, депресија, нарушувања во исхраната и посттрауматското стресно нарушување.

Основач на овој третман е психологот, но и будист и духовен зен учител, Марша Лајнхан, која и самата била пациент на психијатрија бидејќи обожавала да се самоповредува сè до полнолетството.

shto-e-i-kako-se-odviva-dbt-terapijata-na-selena-gomez-03.jpg

Терминот „дијалектичка“ значи интеграција на спротивностите, односно прифаќање на животот онаков каков што е, но без исклучување на желбата за промени.

Пациентот треба да ја прифати реалноста, но никогаш не треба да се откаже од промените, како дел од тоа реалноста да биде уште подобра.

Затоа и самата терапија е поделена на два дела: стратегија на прифаќање; и стратегија на промени, во која лиценцираниот терапевт презема акции за подигнување на самосвесноста, справување со стресот, контрола на емоциите и воспоставување внатрешен баланс на личноста.

Во терапијата се комбинираат когнитивно-бихејвиоралните перспективи со концептите кои потекнуваат од дијалектичкиот материјализам и будизмот.

Со ова се добива сложен модел на терапија и уникатен, а досега и ефикасен пристап за лечење и решавање на проблемите на личноста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Држење пијачки, пеглање врвки од чевли: Луди работи за кои славните имаат најмено асистент Поранешна асистентка ја тужеше Лејди Гага бидејќи од неа барала да биде достапна...
Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна ... Откако беше прогласен за невин за вооружен напад од 2021-ва, Ејсап Роки истрча к...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg