Познати дами чии експлицитни фотографии протекоа во јавноста (18+)
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Од Џенифер Лоренс до Парис Хилтон, кои познати дами се соочија со скандал со разголени фотки и видеа?
Колку и животот на познатите дами да се одвива пред очите на јавноста и е отворена книга, сепак некои работи навистина треба да останат интимни.
За жал, некои од нив немаа таква среќа и нивните експлицитни фотографии и видеа протекоа во јавноста.
Познати дами кои се соочија со таква ситуација:
Ен Хатавеј
Во 2017 година протекоа интимни фотографии од актерката и нејзиниот сопруг. Наводно, им биле украдени од хакери.
Џенифер Лоренс
По масивен хакерски напад во 2014 година голема архива од експлицитни фотографии и видеа се појавија на интернет од 28-годишната актерка.
Таа изјави дека се чувствувала како да била силувана пред очите на јавноста. Учесниците во хакерскиот напад беа осудени на казна затвор.
Ким Кардашијан
Беше одамна, но сите добро се сеќаваат на видеото на ријалити ѕвездата од 2007 година, каде има секс со нејзиното тогашно момче.
Во едно интервју Ким изјави дека протекувањето на видеото не ја повредило само неа, туку и целото нејзино семејство и дека морала да работи многу напорно за луѓето потоа да ја видат вистинската Ким.
Парис Хилтон
Во 2003 година протече видео од Парис Хилтон кое не оставаше многу на имагинацијата.
Во тој период Парис изјави дека е многу понижена од ситуацијата и дека ѝ е најмногу срам што дури и нејзините родители го виделе видеото.
С. С. | Црнобело