Скромната свадба на ќерката на некогашниот претседател на САД - Џорџ В. Буш низ фотки
- Детали
- вторник, 09 октомври 2018
Барбара се одлучи за романтична венчаница со едноставен крој и за прослава во кругот на најблиските.
Ќерката на Џорџ В. Буш, Барбара Буш се омажи на мала тајна церемонија на крајбрежјето во Мејн, а тој ја испрати до олтарот.
На церемонија присуствуваа само 20 луѓе меѓу кои беа поранешниот претседател Џорџ В. Буш со неговата сопруга, поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш и други членови на семејството на Барбара, како и најблиските на нејзиниот партнер, сценаристот Крег Коин.
Нејзината сестра близначка Џена беше деверица, а Барбара носеше венчаница од Vera Wang во романтичен италијански стил.
Инаку парот е заедно од почетокот на годината, а се запознале на состанок на слепо организиран од нивните пријатели. Имале романса на далечина затоа што тој престојувал во Лос Анџелес, а Барбара во Њујорк.
Скромната, но романтична свадбена церемонија на Барбара и Крег:
С. С. | Црнобело