Џејми Дорнан ќе стане татко по 3 пат: „На сопругата секој ден ѝ велам дека ја сакам, а да се биде татко е супер“

Актерот проговори за најважната улога во неговиот живот и за тоа што за него претставува движечка сила во животот.

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-01.jpg

Џејми Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер го очекуваат своето трето дете. Парот, кој е во брак од 2013-та година, има две ќерки една на 4-годишна возраст, а другата на 2-годишна.

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-03.jpg

За семејството кое расте актерот од „Fifty Shades“ вели:

„Да се биде татко е супер. Се чувствувам прекрасно кога треба да обезбедам за моите деца, ми се допаѓа улогата, ми одговара. Да ги направиме нашите деца среќни е движечката сила за мене и мојата сопруга. Го обожавам татковството. Уживам во тоа. Тоа е најдобрата работа што ми се случила и знам дека ова е најважната улога во мојот живот.“

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-05.jpg

Инаку за сопругата Дорнан вели:

„Не постои ден кога не ѝ кажувам дека ја сакам. Нормално е, понекогаш се фрустрираме, но тоа е најчесто кога патуваме со децата, но никогаш не дозволуваме нешто да зоврие и да стане проблем. Знаеме парови кои постојано се расфрлаат со обвинувања еден кон друг, но тоа едноставно не сме ние. Мило ни е што не сме такви.“

Погледнете ги и неговите најубави семејни фотки.

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-07.jpg

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-06.jpg

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-04.jpg

jamie-dornan-kje-stane-tatko-po-3-pat-na-soprugata-sekoj-den-i-velam-deka-ja-sakam-a-da-se-bide-tatko-e-super-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg