Мистериозниот Џејми Дорнан на прошетка со ќерка си + неговите најубави семејни фотки
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
Има извајано тело, поглед што зрачи со сексапил и згора на сè е посветен и предан татко, па кој би можел да му одолее?
Џејми Дорнан, познат по улогата на сексапилниот и мистериозен Кристијан Греј во трилогијата „50 Shades of Grey“, е мистериозен и кога е неговиот приватен живот во прашање.
Но, деновиве 35-годишниот актер беше уловен од фотографите во Лос Анџелес на прошетка со ќерка си. Тој очигледно ужива во улогата на татко и во миговите минати со својата мала принцеза.
Ирскиот актер е во одлична форма, па не е ни чудо што е миленик на многу жени ширум светот.
Инаку Џејми ја изненади јавноста кога неодамна изјави дека неговата сопруга Амелија Ворнер никогаш не ги гледала филмовите од трилогијата што го лансираше во ѕвездите.
Џејми и Амелија се во брак од 2013 година и заедно имаат две ќерки. Актерот не открива многу детали од семејниот живот, но вели дека татковството е најмагичната работа на светот.
Дел од нивните прекрасни семејни фотки:
С. С. | Црнобело