Еден потег ја чини кариера - како потона една од најдобрите кинески актерки?
- Детали
- четврток, 04 октомври 2018
Поради затајување на данок една од омилените кинески актерки сега треба да плати казна од 129 милиони долари.
Кинеската актерка Фан Бингбинг (37) исчезна од очите на јавноста пред 3 месеци, откако беше обвинета за затајување на данок. Сега, таа се појави со извинување. Изречена ѝ е парична казна од 129 милиони долари.
Таа е една од најдобрите кинески актерки и заработуваше вртоглави суми. Но, исчезна во јули кога беше обвинета дека со филмските компании правела два паралелни договори.
Па, така наместо договор од 30 милиони долари, правела еден од 10 милиони кој бил јавен и за кој плаќала даноци и уште еден од 20 милиони, кој го држела во тајност за да избегне плаќање на даноци.
Фан вели дека е длабоко засрамена од своите постапки и им се извинува на властите, но и на нејзините фанови за однесувањето. Вели дека без нивната љубов и поддршка денес не би била тоа што е.
Таа вели дека ја прифаќа казната, но нејзината репутација веќе е разнишана. Фан на листите за социјална одговорност завршува на последно место, многу брендови на кои таа им беше заштитно лице ги раскинаа договорите со неа, а под знак прашалник се и нејзините идни филмски ангажмани.
Фан се има појавено во некои од најзначајните кинески филмски остварувања, но и во некои холивудски филмски хитови како „X-Men: Days of Future Past“.
С. С. | Црнобело