Како ќерката му го спасила животот на Роби Вилијамс и уште неколку факти за неа
- Детали
- вторник, 02 октомври 2018
Таа е неговата светла точка која постојано го потсетува дека животот е вреден за живеење.
Ќерката на пејачот Роби Вилијамс и актерката Ајда Филд се вика Теодора Роуз Вилијамс и има 6 години.
Парот има уште еден постар син и една помала ќеркичка. Теодора го привлече вниманието на јавноста по најавата дека ќе се појави како деверица на свадбата на принцезата Еугенија.
Роби и неговата сопруга долги години се пријатели со принцезата Еугенија и нејзината сестра Беатрис, па токму оттаму и идејата малата Теодора да се појави на свадбата.
Во една пригода Роби ја нарече својата ќерка спасувач на живот, на неговиот живот. Тој открил дека се борел со сериозна зависност од дрога и алкохол и бил на мрачно место и не се грижел дали воопшто ќе продолжи да постои на планетава или не, но љубовта кон неговата ќерка му покажала дека животот всушност е убав.
Сфатил таа е прекрасна и дека таа е неговата причина за живот. Роби заклучи дека да се биде татко е најдобрата работа на светот.
Прекар ѝ е Теди, а нејзините родители никогаш не прикачуваат фотографии од неа на кои ѝ се гледа лицето.
Таа ќе биде деверица кај принцезата Еугенија заедно со принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Теодора обожава да јава коњи и е голем фан на Тејлор Свифт.
С. С. | Црнобело