5 пати кога ѕвездите беа уловени дека лажат на социјалните мрежи
- Детали
- понеделник, 01 октомври 2018
Дури и најмалата лага може да се претвори во скандал, ако си славна личност.
Така, повеќе ѕвезди беа уловени како лажат по социјалните мрежи:
Кајли Џенер
На 19-ти септември Кајли Џенер на Твитер напиша дека првпат дента пробала житарки со млеко. Но, Џозеф Шепард, долгогодишен следбеник на Кајли, ја потсети дека веќе еднаш постирала фотка на Инстаграм од житарки во млеко, и тоа на 25-ти април 2013.
Клое Кардашијан
Клое Кардашијан во декември 2015-та се пофали со нејзините домашно печени пити, кои очигледно се креација на пекара во Лос Анџелес, а вистинската готвачка си ги препозна рецептите.
Бритни Спирс
Во јануари 2016-та Бритни постираше фотка на Инстаграм, фалејќи се дека за ручек јадела печена пченка. Очигледно, само ја изгуглала фотката.
Опра Винфри
Во ноември 2012-та Опра на Твитер се пофали дека купила 12 Microsoft Surface таблети како новогодишен подарок за најблиските и дека едноставно ги обожава. Но, проблемот е што постот беше објавен од нејзиниот iPad.
Џастин Бибер
За Божиќ 2014-та година, младиот пејач се пофали дека има нов приватен авион. Но, истражувањата на TMZ жолтиот печат покажале дека Џастин само го изнајмувал авионот со кој се пофали на Инстаграм.
М. Д. | Црнобело